Компаниите за картички Виса и Мастеркард планираат да ги зголемат надоместоците што трговците ги плаќаат за да прифатат платежни трансакции, објави денеска Вол Стрит Журнал. Многу од зголемувањата се однесуваат на онлајн купувањето. Таксите треба да се зголемат во октомври и април, пишува ВСЖ, повикувајќи се на информирани извори и документи што ги видел. Многу од зголемувањата се однесуваат на онлајн купувањето, забележува американскиот деловен весник.
Виса и Мастеркард не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за извештајот. Трговците плаќаат провизија на банките што издаваат картички за секоја трансакција, а нејзиното зголемување обично се пренесува на клиентите, предупредија тогаш.