Компаниите за кредитни картички „Виза“ и „Мастеркард“ и група финансиски партнери би можеле да го преиспитаат учеството во проектот за издавање на криптовалутата на„Фејсбук“ – Libra, објави Вол Стрит Журнал, повикувајќи се на цитирани неименувани извори.
Финансиските партнери во проектот не се подготвени да бидат под контрола на регулаторите и го отфрлија барањето на Фејсбук за јавна поддршка на Libra, пишува WSJ во извештајот објавен во вторникот.
Директорите на Здружението Libra, здружение кое треба да управува со Libra, беа поканети на состанокот во Вашингтон во четвртокот, дознава весникот. „Блумберг“ кој одделно објави дека и „PayPal Holdings Inc“ и „Stripe“ имаат одредени резерви за нивната формална вклученост во проектот на „Фејсбук“.
Како одговор на извештајот од WSJ, проектниот директор на Фејсбук за Libra, Дејвид Маркус, напиша на Твитер дека не е свесен дека секоја компанија „не е подготвена јавно да му помогне на проектот“.
„Ве уверувам дека сме многу мирни и уверени во справувањето со легитимните загрижености што ги поттикнува Libra, со акцент на дискусиите за вредноста на дигиталните валути“, додаде Маркус.
Ројтерс минатата недела објави дека Фејсбук може да го одложи стартувањето на Libra за да ги растера сомнежите на регулаторите во целиот свет.
Социјалната мрежа планира да ја лансира Libra во јуни следната година во партнерство со други членови на Здружението Libra.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк