Трите најголеми банки во државата, Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и НЛБ банка АД Скопје, кои зафаќаат над 50% од банкарскиот бизнис во државата, ги објавија билансите за работењето за периодот јануари-септември 2023 година на сајтот на Македонската берза.
Трите банки го завршија периодот јануари-септември 2023 година со високи добивки и тоа:
- Стопанска банка АД Скопје со добивка после оданочување во износ од 2,478,470 илјади денари(40,3 милиони евра)
- НЛБ банка АД Скопје со добивка после оданочување во износ од 2,435,542 илјади денари(39,6 милиони евра)
- Комерцијална банка АД Скопје со добивка во износ од 3,047,726 илјади денари(49,6 милиони евра)
Високите добивки се резултат на остварените високи нето приходи од камати.
Стопанска банка АД Скопје оствари нето приходи од камата во висина од 4,171,742 илјади денари, НЛБ банка АД Скопје оствари нето каматни приходи во износ од 2,899,666 илјади денари и Комерцијална банка АД Скопје оствари нето каматни приходи во износ од 3,828,352 илјади денари.
Високите износи на приходи од камати произлегуваат од високите износи на кредити што ги одобруваат банките на физичките и правните лица и од континуираното зголемување на каматните стапки на централните банки заради намалување на високата инфлација.
Вкупниот износ на кредити што го одобриле трите банки е следниот:
- Стопанска банка АД Скопје 89,696,043 илјади денари односно 3,801,959 илјади денари повеке во однос истиот период на минатата година.
- НЛБ банка АД Скопје 72,248,825 илјада денари или 1,201,488 илјади денари повеке во однос истиот период на минатата годинаа.
- Комерцијална банка АД Скопје 61,749,007 илјади денари или 1,892,653 илјади денари повеќе во однос истиот период на минатата година.