ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ КОНСОЛИДИРАНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ

За периодот Јануари – Јуни 2018 година
П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Јуни 2018 година оствари позитивен финансиски
резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во 2018 година не се евидентирани промени во сметководствените политики, сметководствени процени и
методи на вреднување на позициите во консолидираните финансиските извештаи на П.И “Витаминка” АД
Прилеп.

Вкупни консолидирани приходи

Остварените консолидирани вкупни приходи во 2018 година изнесуваат 1.000.606 илјади денари и во
споредба со остварените во 2017 година бележат раст за 16% . Во структурата на вкупните консолидирани
приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна
дејност, кои во споредба со остварените во 2017 година бележат раст од 16%.

Вкупни консолидирани расходи

Остварените консолидирани вкупни расходи во 2018 година изнесуваат 996.383 илјади денари и во споредба
со остварените во 2017 година бележат раст од 17%. Растот на вкупните консолидирани расходи е во
корелација со работењето во 2018 година.

Дивиденда

На 12.06.2018 година на Годишното собрание на акционери е одобрена пресметка и исплата на дивиденда
за 2017 година, на вкупен износ од 13.145 илјади денари.

Инвестиции

Вкупните консолидирани инвестиции во основни средства во 2018 година изнесуваат 536.204 илјади денари.

Обврски по кредити

Вкупните консолидирани обврски по кредити на 30.06.2018 година изнесуваат 948.801 илјади денари и во
споредба со состојбата на 31.0.2017 година од 251.947 илјади денари бележат зголемување од 377 %.

Нови вработувања

Во периодот Јануари – Јуни 2018 година во групацијата на П.И “Витаминка” АД Прилеп се реализирани 64
дополнителни нови вработувања.