П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Јуни 2018 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех- објави преку Македонска Берза.


Сметководствени политики и методи на вреднување

Во 2018 година не се евидентирани промени во сметководствените политики, сметководствени процени и
методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на П.И “Витаминка” АД Прилеп.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2018 година изнесуваат 954.378 илјади
денари и во споредба со остварените во 2017 година за истиот период бележат пораст од 14 %. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99 %, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 15%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- јуни 2018 година изнесуваат 940.280 илјади денари и во споредба со остварените во 2017 година бележат раст од 16%. Растот на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2018 година за извештајниот период.

Дивиденда

На 12.06.2018 година на Годишното собрание на акционери е одобрена пресметка и исплата на дивиденда
за 2017 година, на вкупен износ од 13.145 илјади денари.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во 2018 година за извештајниот период изнесуваат 531.435 илјади денари.

Обврски по кредити

Вкупните единечни обврски по кредити на 30.06.2018 година изнесуваат 947.879 илјади денари и во споредба
со состојбата на 30.06.2017 година бележат зголемување од 378 %.

Нови вработувања

Во периодот Јануари – Јуни 2018 година во П.И “Витаминка” АД Прилеп се реализирани 63 дополнителни
нови вработувања.