Стартува субвенционирањето на придонесите. На 25% од вкупниот број на вработени во приватниот секор , од министертвото за труд очекуваат да им се зголемат платите. Мерката можат да ја користат сите работодавачи кои ќе ги покачат примањата на работниците до 6.000 денари.
Субвенциите ќе важат и за оние газди кој ги зголемиле октомвриските плати , а кои се веќе исплатени. Тие ќе треба да достават исправка до управата за јавни приходи, а повратот ќе го добијат следниот месец. Аплицирањето за субвенциите се прави преку образец кој е веќе достапен во УЈП.
Од организацијата на работодавачи се надеваат дека надлежните институции ќе ги спречат сите кои ќе се обидат да бараат од вработените да ги вратат парите назад кај газдите. Велат дека ваквиот потег од страна на некои работдавачи остава лоша слика и за оние кој ги почитуваат законите.
Од трудовиот инспекторат пак велат дека засега немаат механизам со кој ќе се докаже дека некој работодавач барал пари назад.
Мерката субвенционирање на придонесите ќе важи три години, а потоа ќе се направи анализа дали има потреба да се продолжи.