МЗШВ е во комуникација со ресорните министри во Европа и во регионот, со сите стопански комори, со економските партнери, со преработувачите на зеленчук и овошје, со цел да се одржи стабилноста на извозот и да има непречен пласман на секој земјоделски производ, рече Арсовски.
„Се разгледуваат сите опции и во делот на извозот како свежи производи или за преработки за домашната индустрија. Во оваа економска криза со која се соочува целиот свет, најважно е со здружени сили, заеднички со земјоделците, со извозниците, со откупувачите да ги разгледаме сите можни опции за пренасочување на извозот на други алтернативни пазари, истакна Арсовски, одговорајќи на новинарски прашања“, рече владиниот портпарол.