Барањето на УПОЗ за зголемување на платите за 30% во овој момент е надвор од можностите на Буџетот. Владата останува отворена за дијалог, и логично би било прво таквите барања да се издискутираат низ легалните институции и тела, а дури потоа синдикатот да носи заклучоци, велат од Владата како одговор на прашање од ТВ 24, а по однос на барањата на синдикатот на УПОЗ за додатоците на плати од по 30 посто.

Од Влада посочуваат дека  штрајкот кој се споменува како прв чекор на синдикатот, без да бидат исцрпени другите механизми, укажува на тоа дека е можно да станува збор и за политичка мотивираност за таквата одлука.

„Штрајкот кој се споменува како прв чекор на синдикатот, без да бидат исцрпени другите механизми, ни укажува дека е можно да станува збор и за политичка мотивираност за ваква одлука, во што не сакаме да веруваме, дека на тој начин би биле злоупотребени и инструментализирани работниците.Меѓу другото, во два наврати се зголемуваат и пензиите, додека сè што е во рамки на закон, како усогласување на платите, ќе биде испочитувано. Барањето на УПОЗ за зголемување на платите за 30% во овој момент е надвор од можностите на Буџетот. Такво зголемување би довело до сигурен дизбаланс и доведување во прашање на редовното функционирање на државата и нејзините институции.“ – велат од Влада.

Од синдикатот na УПОЗ посочуваат дека нема никаква правна пречка за потпишување на колективни договори со кои би се зголемила платата, без разлика за кој дел од јавниот сектор се работи.

Вработени од најмалку шест министерства како и Државниот завод за статистика на 14 месецов излегуваат на по 30 минути протест пред министерствата, а се штрајкува во сите правобранителства во државата и дека штајкот ќе трае до исполнување на барањата.