Владата донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2021 година во износ од 50 милиони денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од ковид-19. Како што соопшти владината Прес-служба, ваквата одлука е донесена заради реализација на мерката три од петтиот пакет економски мерки, со што ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ.

Новиот владин пакет е тука, но компаниите имаат проблеми при отплата на кредитите

Од Владата информираат дека при евентуално утврдени неправилности и ненаменско користење на средствата потребно е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги средствата да ги врати во Буџетот.