На владината седница одржана вчера е донесена Предлог – програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, во којашто се предвидени мерки за поддршка на земјоделството и за обештетувања.
Како што информираат од владината прес служба, станува збор за поддршка на доходот за земјоделските стопанства, директни плаќања за растително и за сточарско производство, како и за државна помош на земјоделството за премии и осигурување, за заштита на земјоделско земјиште, за помош во сточарскиот сектор, за финансиска поддршка за складирање пченица од домашно производство од род од 2019 година, за помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација, дополнителна помош за продадено-неисплатено винско грозје во период од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, заостанати обврски по мерки од програмите за финансиска поддршка на земјоделството од 2009 – 2018 година.
Донесена е и Предлог програма за капитални субвенции за центри за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој.