Само 3 сектори можат да ја користат владината мерка за субвенционирање на платите- градежништво, текстилна индустрија и угостителство. Помошта, по препорака на ММФ, морало да биде таргетирана, а анализата покажала дека токму во овие дејности платите биле под просечната., вели министерот Бесими. Законот, кој веќе е во собраниска процедура, предвидува државата да ги плаќа придонесите за пензиско и здравствено осигурување ако се зголемат платите на вработените од три до девет илјади денари во првото полугодие од следната година.
Министерот Бесими Целта е намалување на неформалната економија, а тука има голем број на вработени што работат на црно. Тука беше мисијата на Меѓународниот монетарен фонд каде што рекоа дека треба да има само таргетирани мерки каде што се очекува најголем ефект Според сите анкети, од самата бизнис заедница рекоа дека таму неформалната економија е повеќе изразена. Пратениците нека го поддржат овој закон, а ако има ефект, може да се прошири и на други дејности. Треба да се внимава и да не се преоптерети буџетот, рече Фатмир Бесими, министер за финансии.
Компаниите пак, кои имаат потреба од пари, можат да аплицираат преку Развојната банка за поволни кредити. Во тек е кредитната линија од Европскаата Инвестициска банка вредна 100 милиони евра, а обезбедени се дополнителни 50 милиони евра од Француската развојна агенција
Тонско За еден ден, на 21 декември од 100 те милиони евра пласирани се 64,5 милиони евра, а новитет е потпишувањето на договорот со Француската развојна агенција за нови 50 милиони евра кои ќе бидат достапни до компаниите преку деловните банки за зелени и социјални инвестиции. Во завршна фаза е и обезбедување на средства од Банката за развој на Советот на Европа во износ од 50 милиони евра кои дополнително ќе им се стават на располагање на микро, малите и средните претпријатија во државата., изјави Кире Наумов, директор на Развојна банка.
Токму преку Развојната банка изминативе 5 години, во време на ковид, па енергетска криза, со финансика помош вредна скоро 380 милиони евра се поддржаа над 6,300 компании и 50 530 работни места,, Поддршката ќе продолжи и следниот период, најави премиерот
Тонско . Во следниот период се очекува реализација на нови производи и мерки во вкупен износ од 215 милиони евра за поддршка на 855 домашни компании. Ова е дел од она што го правиме како Владата за да ги поддржиме компаниите и во време на кризи, да ја одржат својата ликвидност, но и да ги реализираат инвестициските проекти за да обезбедат раст на своите компании, а со тоа и раст на економијата во целост“, вели премирот Димитар Ковачевски
Фокус на поддршка периодот кој следи ќе бидат зелените инвестиции, процесите поврзани со дигатализација и иноватовни решенија кај компаниите.