Владата на редовната 161 седница, го утврди новиот предлог-закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и донесе заклучок тој да биде доставен до Собранието согласно член 170 од Деловникот.
Целта на предлог – законот за гаранција е да се повлечат неопходните средства за да се заврши автопатската врска Кичево-Охрид за трајно решавање на утврдените проблеми при досегашното изведување на работите и да се обезбеди брз и сигурен сообраќај на овој значаен патен правец.