Владата одлучи да го продолжи рокот за донесување решенија за доделување концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи.
Владата на денешната 134-та седница, информираат од владината прес-служба, првично го разгледа Извештајот за евалуацијата на пристигнатите понуди за доделување на концесија за вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи по што донесе одлука за изменување на одлуката за започнување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со која се продолжува рокот за донесување решенија до конечното усогласување на критериумите за доделување на концесиите.
(MIA)