Владата го замрзна прогресивниот данок и времено го врати рамниот данок од 10 отсто. Замрзнувањето ќе трае 3 години и во овој период властите се откажуваат и од даночење со 15 отсто на капиталните добивки, како и на каматите кои надминуваат 15 илјади денари на банкарските депозити. Овие две оданочувања требаше да стартуваат од 1 јануари следнава година.
Замрзнувањето на прогресивниот данок е бидејќи не го дал посакуваниот резултат и бил донесен без потребните консултации со бизнис-заедницата, се евидентирал одлив на капитал во соседните земји и легално се префрлале пари на други лица. Досегашната примена не ги дала очекуваните резултати Со него, секој приход над 1.500 евра се даночеше со 18%, а сумата до тој износ со 10%.
Владата го зголеми и прагот за ДДВ обврзник од 1 на 2 милиони денари. за правните и физички лица. Периодот на регистрација ќе биде наместо 5, 3 години
Прогресивното одданочување за поголема праведност беше донесен почетокот на годината. Оданочувањето на капиталните добивки и плаќањето камаат на депозити требаше да стратува од 1 јануари наредната година