Извештајот од работната група за пензионерите утрово стигнал во труд и социјала. 

Министерката Јованка Тренчевска најави дека ќе биде доставен во Влада и најдоцна до крајот на месецот се надева на конкретни мерки за пензионирите, посебно на оние со најниски примања. Детали не откри, но веќе е извесно дека линерано покачување на пензиите нема да има.. Тренчевска денеска тврди дека тие како влада никогаш не сме кажале дека септемвриското зголемување ќе биде 6,8 %.

„Процентот 5,3 е согласно податоците од државниот завод за статистика. Јас претпоставувам од која кујна е излезено 6,8% , зашто 6,8% ниту јас ниту било кој претставник на Владата има изјавено. Моите изјави беа помеѓу 5 – 6 или околу 6 меѓутоа секогаш велев ќе ги почекаме податоците на дражвниот завод за статистика.“- -изјави Јованка Тренчевска – министерка за труд и социјална политика.

Канал 5 веќе објави, во првата фаза на работната група се разгледани предлози за финансиска поддршка на пензионерите со ниски примања, а во наредниот период ќе се разговара и за ниските пензии.

За пензионерите најавите од влада се само купување на време. Утре на состанок велат ќе се рагледуваат идните чекори. Едногласни се не се согласуваат со владините политики, најавуваат радикализирање на протестите.

„Еве и трети месец да не излезат со никаков предлог. Еве и минитерката Тренчевска вика верувам, значи се уште не е сигурна дека до крајот на месецот ќе има некој резулатати. И со сигурност тврдам дека купува време. Таа е против линеарното а пакетчиња ние кажавме ние дека нема. Не сакаме лижавчиња за мали деца. Сакаме најновото сега што го побаравме 5 000 денари да ни се оствари. Не отпатпуваме протести ќе има.“- -изјави Драган Угриновски – иницијативен одбор на пенизионери.

Во земјава според последните податоци од ПИОМ живеат над 336.000 пензионери, најголемиот дел од нив, над 97.000 се со пензии до 13 300 денари, со последното усголасување на пензиите оние пензионери кои земаа најниска пензија добија по околу 600 денари плус. Оние кои земаат просечна пензија добија плус околу 1 000 денари.