Администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забрани на државните агенции да прават бизнис со кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“.

Веста ја објавија американските медиуми, цитирајќи ги зборовите на висок функционер.

„Администрацијата е силно посветена на одбрана на интересите на нашата земја против странските ривали и целосно ќе се придржува кон одлуките на Конгресот да воведе забрана за кинеска опрема за видео надзор и телекомуникациска опрема, вклучително и секоја произведена од„ Хуавеи ““, рече Џејкоб Вуд, портпарол на Кабинетот за управување и буџет на Белата куќа.

Одлуката донесена од страна на Конгресот, како дел од минатогодишниот нацрт-закон за одбрана на земјата, ќе стапи на сила на 13 август, пренесува Б92.

Сепак, американскиот службеник забележа дека на оние кои имаат склучено договори за работа ќе им биде дозволено да бараат ослободување од одделни федерални агенции, доколку можат да докажат дека нема да се појават закани по безбедноста како резултат на соработка со кинески компании.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк