Владата пред заминување нè задолжи со нови речиси 35 милиони евра преку котација на двегодишна и петнаесетгодишна обврзница, соопшти Македонска берза.
Станува збор за две обврзници со рок на доспевање за две односно 15 години со вкупна вредност од 34,8 милиони евра. За двегодишните обврзници ќе плаќаме камата од 3,85% додека за 15 годишните 5,6%.