Од следната недела стартува увозот на српска пченица. Количините на зрнестите култури кои ќе бидат увезени ќе зависат од потребите на македонските преработувачки капацитети и трговците. Според министерот за земјоделие Љупчо Николовски, интерес за житните култури од Србија пројавиле и други европски земји.
-Приоритет имаат земјите од „Отворен Балкан“, а Македонија и Србија се основачи на „Отворен Блакан“ и гледаме како во време на светска криза, војна, на затварање на пазарите, ние сега имаме отворен пазар и договорот кој што е постигнат е дека се отстранува забраната за извоз кон РСМ и второ, дека ќе се реализраат сите договори помеѓу трговските пратнери- изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Освен со пченица, пченка и јачмен, Македонија од Србија се снабдува и со сончоглед и останати суровини за производство на масло за јадење.
-Со овој чин за преќин на забраната, ние ќе имаме доволно масло за следните од прилика 2 и пол до 3 месеци, да испорачуваме на македонскиот пазар. Што се однесува до цената, јас ја знам вчерашната колку е на светските пазари, на сировото масло, денешната не ја знам, а утрешната која ќе биде, никој не знае-изјави Симон Наумоски, претседател на Одборот на директори на „Витаминка“.
Малиот застој во дистрибуцијата по маркетите на маслото за јадење, според Наумоски, се должи на нејасноста на одлуката за формирање на цената, а по консултација со државните институции доставата во малопродажните центри е нормализирана.