Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска ќе ја одржи првата седница.
На неа, меѓудругото ќе се разговара за покачувањето на пензиите. После седницата ќе биде познато и дефинитивно за колку ќе се зголемат пензиите.
Вчера премиерот Мицкоски имаше средба со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани на која се зборуваше за пензиите.