Владата на Република македонија најави зголемување на данокот на дохот. Ова покачувањето на стапката на данокот на доход ќе влијае негативно врз бизнис климата во државата и ќе ја намали атрактивноста на земјата за инвестирање.
Дополнително кај поголемите даноци секогаш постои опасност за зголемена даночна евазија, односно појава на голем број на субјект, кои ќе се решат наместо да платат данок да не ги пријават своите примања и со тоа државата губи значаен дел од своите приходи.
Министерот за финансии Драган Тевдовски денес изјави дека владата планира да го зголеми данокот на доход од досегашните 10% на 18% за сите граѓани кои имаат месечни приходи над 1000 евра. Тевдовски од денешниот форум „Македонската економија визија и дилема“ рече дека процесот ќе отпочне во април со дебата за прашањето.
Покачувањето на стапката на данокот на доход ќе влијае негативно врз бизнис климата во државата и ќе ја намали атрактивноста на земјата за инвестирање. Дополнително кај поголемите даноци секогаш постои опасност за зголемена даночна евазија, односно појава на голем број на субјект, кои ќе се решат наместо да платат данок да не ги пријават своите примања и со тоа државата губи значаен дел од своите приходи.
Тевдовски промената на даночната политика ја оправда посочувајќи дека приходната страна на буџетот е најмала во Македонија и во Косово од регионот. Тој додаде дека во Македонија има простор да се преземат мерки за приходната страна и потсети дека Албанија ја зголеми даночната стапка за 13% и 23%.