Владата вчера се задолжи за сума од близу 24 милиони евра. Продолжува задолжувањето без мерка, кое секако, паѓа на грбот на македонските граѓани.
Имено, на официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е реализацијата од аукцијата на државни хартии од вредност каде наместо најавените 9, 2 милиони евра, Владата се задолжи за 150% повеќе од најавените односно се задолжи за 23, 8 милиони евра.
Со вакво задолжување, Владата остава голем товар, а дали е на повидок буџетска криза, допрва ќе се покаже.