Алексеј Мојсеев заменик-министерот за финансии на Русија,  предложи формирање на специјални офшор зони во земјата за организирана трговија со криптовалути.

 

Според него, таквите области би можеле да бидат Владивосток и Калининград.

Централната банка на Руската Федерација, „Банката на Русија“предходно  се спротивстави на одобрението за размена на криптовалути за рубљи, бидејќи дури и при идентификувањето на крајниот сопственик, ќе се отвори можноста за легализирање на сомнителни трансакции.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев на форумот во Алма-Ата „Дигиталната програма на денот во ерата на глобализацијата“, повика да се развијат заеднички стандарди за ширењето на криптовалути во рамките на евроазиската економска унија.

ЕАЕС“ ги вклучува Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Русија.

Тој потсети дека економиите на земјите-членки на економската унија се тесно поврзани и дека земјите не треба да бидат заклучени во националниот модел.

„Инаку сето ова ќе се развие под сосема поинаков агол и нема да изгледа сосема разбирливо и легитимно“, посочи премиерот на Руската Федерација.

Во зборовите на Медведев, без меѓународните конвенции во сферата, поврзана со криповалутите, ќе изгледа „не сосема јасна и легитимна“.

Покрај тоа, премиерот предложи лидерите на „ЕАЕС“ да ја активираат технологијата блокчејн, така што ќе се создаде еден електронски простор за размена на податоци, што ќе овозможи, на пример, да се издаваат сертификати на граѓаните на една земја на територијата на друга.