Владата ги одби пензионерите . Нема линеарно покачување на пензиите. Извештајот од работните групи ќе биде доставен до крајот на оваа недела, но во него нема да биде главното барање на пензионерите. Додека Тренчевска се фали дека обезбедувала и се грижела за нив , пензионерите се револтирани , велат со покачувањето од 5.3 % не добиле ништо и повторно ќе излезат на улица . Тренчевска се правда дека не можело да се покачат пензиите линеарно оти морало да се чува стабилноста на фондот за пензиско осигурување .
Додека нашите пензионери на улица бараат покачување , земјите во регионот кои и онака во главно котираат подобро од нас ги покачуваат пензиите и дополнително дел од нив преземаат дополнителни мерки .
Во Црна Гора пензиите ќе бидат покачени за 5 отсто, со што минималната пензија од октомври е околу 18 илјади денари . Минималната пензија во Босна и Херцеговина е околу 17 илјади денари, што значи дека од август има покачување за околу 1500 денари кога изнесувала 15.500 денари
Во Србија покрај покачувањето најавено е дека сите пензионери од 25 ноември до 5 декември ќе добијат по 20.000 динари, или околу 10 илјади денари. А ново зголемување на пензиите во соседна Србија е наајавено за јануари и тоа од 14,6 отсто.
Пензиите ги покачија и во Албанија , премиерот Еди Рама најави дека сите пензии ќе бидат покачени за 8,6 отсто, со што просечната пензија ќе се зголеми на 18.794 денари, а дополнително е најавен бонус од околу 5.000 леќи на крајот на годината .
ДРЖАВА МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА
Црна Гора 18.235 денари
Босна и Херцеговина 16.932 денари
Србија 11.450 денари
Македонија 13.162.5 денари
Според методологијата за раст на пензиите , од вчера пензионерите во Македонија добиваат повисоки пензии од 5,3 отсто, наместо проекциите на Владата за најмалку 6 отсто зголемување . Пензионерите бараат линеарно покачување за сите од најмалку 3500 денари или минималната пензија да е 18 илјади денари .