По доаѓањето на СДСМ на власт, македонската економија го допре дното. Според последните информации, во вториот квартал оваа година фирмите во земјата уплатиле 1/3 помалку данок во однос на истиот квартал лани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4 отсто. Најголем е падот кај данокот на добивка. Фирмите во Република Македонија уплатиле 32 отсто помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5 отсто кај приходите од овој данок за 2019 година.

„Поради лошите политики на Зоран Заев, над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не мислат како власта дека економијата блеска. Поради лошата економија, околу 18.500 македонски државјани, кои лани заминале за Германија, приближно 8.000 не се вратиле.

Втор месец по ред градежништвото во Република Македонија забележува двоцифрени стапки на пад, поточно пад од 10 отсто во април и дополнителни 20 отсто во мај. Не може да има раст на економијата кога криминалниот октопод Зоран Заев рекетира кого ќе стигне. Нема бизнис во државата што не е рекетиран. Парите секојдневно во државата се трошат на рекети и наместени тендери. Оваа Влада донесе само понижување, немаштија и неработа. Оваа Влада поради корупција, лоши политики, треба си поднесе веднаш оставка, потребни се предвремени парламентарни избори што е можно побргу“, се додава во соопштението.