Со влегувањето во SDR (кошницата на валути), јуанот ќе биде првата валута од економиите во подем што би влегла во “првата лига” на ММФ и САД ќе мора да се помири со загубата на доминантниот статус на доларот на светските финансиски текови.
Кинескиот премиер Li Keqiang минатиот месец упати барање до ММФ да се разгледа прашањето за вклучување на јуанот во SDR. Се разбира, оваа идеја не им се допадна на Вашингтон, додека ставот на Европа е дијаметрално спротивен.
Според Ројтерс, американскиот секретар за финансии по посетата на Пекинг изјави, дека кинеската валута се уште не е подготвена да се приклучи на “кошницата на валути” виртуелната валута на ММФ, што членките ја користат ако тие се најдат во финансиски проблеми.
Во согласност со стандардите поставени од страна на ММФ, условите кои мора да ги исполнува валутата за влез во “кошницата на валути” се следните: мора да се наоѓа во девизните резерви на централните банки, меѓународни обврзници треба да се деноминирани во таа валута, a во предвид се земa и бројот на трансакции на валута на девизниот пазарот.
Засега 60 централни банки дел од резервите ги имаат во јуани. Јуанот е петта светска валута со која најмногу се тргува.
Од друга страна, за идејата јуанот да е дел од “кошницата на валути” се залагаат и најразвиени држави на Европската унија, како што се Германија, Велика Британија, Италија и Франција. Тие изразија задоволство да го видат јуанот во “кошницата на валути”, која сега ги вклучува доларот, еврото, британската фунта и јапонскиот јен.