Почитувани,

Ве информираме дека од неовластена електронска адреса [email protected] се испраќаат лажни меилови во име на Стопанска банка со subject: Известувања за дојдовни плаќања.

Банката не користи таков е-маил за информирање на своите клиенти, ниту пак испраќа формулари за пополнувања за исплата на средства. Доколку добиете таков меил ве молиме веднаш да го избришете од вашето поштенско сандаче односно да не го отварате документот во прилог бидејќи може да наштети на вашиот компјутер или пак да ги злоупотреби вашите лични податоци.

 

Повторуваме, Банката не побарува од своите клиенти да пополнуваат формулари за исплати ниту пак да побара да внесете лични или финансиски осетливи податоци преку фајл испратен на e-mail. Бидете внимателни и секоја сомнителна комуникација пријавете ја до нашиот 24/7 контакт центар (02)3100 109.

 

Стопанска банка АД – Скопје