Најголем годишен просек на издатоци на работодавецот по вработен има во секторот Информации и комуникации и изнесува 958 664 денари.

Во 2020 година, годишниот просек на издатоци на работодавачот по фактички одработен час изнесува 306 денари, а вкупниот годишен просек на фактички одработени часови е 1780.

За обработката на податоците од истражувањето Анкета за цената на трудот во 2020 година се користени административни податоци од Управата за јавни приходи и од Агенцијата за вработување.