Турскиот милијардер Фарук Фатих Озер, кој се бараше со меѓународна потерница за измама со криптовалути, денеска е уапсен од албанската полиција. Според изворите на А2 Си-Ен-Ен, тој избегал од Турција измамувајќи десетици илјади Турци, кои своите пари ги вложиле во турската виртуелна валута „Тодекс“.

Компанијата преку која работеше Озер прогласи банкрот, а во меѓувреме тој е фатен од полицијата во градот Елбасан. Фарук Фатих Озер на 20 април побегна од Турција со 108 милиони долари и се сомнева дека одреден период престојувал и во Албанија.

По него беше распишана потерница од турските власти, откако беше обвинет за измама вредна 2 милијарди долари со виртуелни криптовалути.