Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид, денеска ќе биде означен почетокот на изградбата на 400-киловолтниот далновод од Битола (Република Македонија) до Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8.

Од владината прес-служба информираат дека на почетокот на изградба на овој капитален објект ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а обраќања ќе имаат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за енергија и индустрија на Албанија Илир Бејта, генералниот директор на Електропреносниот систем оператор на Албанија, Скерди Дренова, како и Куштрим Рамадани, генерален директор на АД „Мепсо“.

На настанот, кој е во организација на АД „Мепсо“, предвидени се и обраќања на претставници на Делегација на ЕУ, како и на Европската банка за обнова и развој.

– Реализацијата на оваа инвестиција во полна функција ќе го ставен електроенергетскиот коридор исток-запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Република Македонија и Албанија до Италија, посочуваат од Владата.

извор: Влада на РМ