Стапката на невработеност во Чешка беше 2,2 проценти во октомври 2019 година.

Според Чешката агенција за статистика (ЦЗСО), стапката на невработеност во земјата е 2,2 проценти, што претставува раст од 0,1% во однос на истиот период лани.

Стапката на невработеност беше 1,8 проценти за мажите и 2,7% за жените.

Податоците на Чешката агенција за статистика, исто така, покажаа дека во октомври 2019 година стапката на вработеност е 75,3 проценти, што претставува зголемување од 0,2 во однос на истиот период во 2018 година.

Стапката на невработеност во Чешка беше рекордни 1,9 проценти во вториот квартал од 2019 година, што тогаш беше една од најниските стапки на невработеност во Европа.

Според Чешката агенција за статистика, просечната нето плата во моментов е 29.549 круни, или 1.160 евра. Просечната плата за мажи изнесувала 31.909 круни или 1,249 евра, додека за жените била 26.887 круни или 1.052 евра.

Околу 80 проценти од чешките вработени во моментов добиваат плати во опсег од 15.680 круни, или 613 евра, до 52.531 круни или 2.056 евра.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк