Вкупно 60 земји се анализирани врз основа на различни критериуми, од одржливост до економското влијание. Германија е најдобрата земја во светот, Америка е најмоќната, додека Канада е со најдобар квалитет на живот, се вели во анализата “Најдобри земји” презентирана во Давос.
Германија е прогласена за најдобра земја во светот “делумно поради силната економија, влијанието во светот и фокусираноста на клучните глобални прашања, како што е кризата со мигранти и единството на еврозоната”, се вели во анализата.
Уште пет земји-членки се најдоа на листата на топ 10 земји, а САД е прогласена за најмоќната држава во светот.
Германија, исто така, е прогласена за најдобра земја за претприемништво, Луксембург има најповолни услови за бизнис, Италија е земја со најбогата традиција, Бразил е на врвот на земји за посета, додека Канада води на листата на земји со најдобар квалитет на живот.
На листата на најдобри земји во светот, по Германија следува Канада, Велика Британија, САД, Шведска, Австралија, Јапонија, Франција, Холандија и Данска.
Кина, Германија и САД се најдобрите места за почетокот на кариера, додека Тајланд, Малезија и Филипини се најдобрите држави за да почеток на бизнис.
Најдобри земји за инвестирање се Индија, Сингапур и Виетнам.
Велика Британија, Канада и САД се прогласени за најдобри земји за образование.
За одгледување на деца најдобри се Шведска, Данска и Канада.