Властите не пропуштаат ниту една можност да се пофалат дека просечната плата достигнала речиси 39 илјади, ама не кажуваат дека во просекот влегуваат сите плати, вклучително и покачените плати на функционерите. Исто така, со месеци наназад нè потсетуваат дека минималната плата од март ќе се зголеми на 22.500 и оти просечната ќе расте. Управата за јавни приходи изготви податоци според кои во ноември годинава 8.273 вработени во Македонија земале од 1 денар до 20.174 денари плата, 26.537 вработени земале плата во висина од 20.175 денари, што значи дека во ноември 34.810 лица земале минимална плата или под минималец. Вкупно 324.674 лица на сметките добиле нето-плата во износ од 20.176 до 37.875 денари. Според податоците на УЈП во ноември 150.884 лица добиле плата во висина над 37.876 денари.
Од март 2024 година нема да има плата помала од 22.500 денари. Mинималната плата ќе изнесува 22.500 денари, а просечната 39.500 денари, се пофали министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот фејсбук-профил. Властите не пропуштаат ниту една можност да се пофалат дека просечната плата достигнала речиси 39 илјади, ама не кажуваат дека во просекот влегуваат сите плати, вклучително и покачените плати на функционерите. Исто така, со месеци наназад нè потсетуваат дека минималната плата од март ќе се зголеми на 22.500 и оти просечната ќе расте.
-Од 22.500 до 23.000 ќе биде минималната плата од март 2024 година. Ако земеме колку беше во 2022 година, а колку е сега, имаме над седум илјади, речиси осум илјади денари покачување за година и пол на минималната плата, изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Таа потсети дека покачувањето е повеќе од двојно во однос на 2017 година, кога минималната плата беше 10 илјади денари.
– Како што растат трошоците за живот и просечната плата, така ќе расте и минималната плата. Просечната плата постојано расте и кога ќе немаме инфлација, ако просечната плата расте, тоа значи дека повторно ќе имаме зголемување на минималната плата, изјави Тренчевска и додаде дека нема да има плата помала од минималната и дека ако некој зема пониска плата, тоа треба да го пријави во Државниот инспекторат за труд за да биде санкциониран работодавачот и да му се усогласи платата.
Управата за јавни приходи изготви податоци според кои во ноември годинава 8.273 вработени во Македонија земале од 1 денар до 20.174 денари плата, 26.537 вработени земале плата во висина од 20.175 денари, што значи дека во ноември 34.810 лица земале минимална плата или под минималец. Вкупно 324.674 лица на сметките добиле нето-плата во износ од 20.176 до 37.875 денари. Според податоците на УЈП во ноември 150.884 лица добиле плата во висина над 37.876 денари.
Од Сојуз на синдикати на Македонија велат дека она што е загрижувачки е дека речиси 90 илјади вработени земаат минимална плата. Тоа практично значи дека една третина од граѓаните живеат со околу 600 денари на ден. Најголем проблем е што 324 илјади работници земаат помеѓу минимална и просечна плата, односно помеѓу 20.175 и 38.843 денари, а има семејства кои живеат и со по 100 денари на ден, велат од ССМ.
– Со растот на минималната плата, паралелно треба да растат и другите плати. Многу семејства во државата едвај преживуваат, односно има семејства кои живеат и со по 100 денари на ден. Веќе и две минимални плати ако се соберат (40.400), не се доволни за покривање на месечните трошоци, кои изнесуваат 50 илјади денари, вели за весникот ВЕЧЕР, Иван Пешевски, потпретседател во Сојузот на синдикати на Македонија.
Истражувањата покажаа дека во Македонија до крајот на оваа 2023 година веќе ќе има 600 илјади граѓани кои ќе живеат во сиромаштија со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани.
Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно со кои се воспостави нова методологија, според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците за живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година. Според овој Закон, минималната плата нема да може да биде помала од 57 отсто од просечната плата во земјата.
Минималната плата беше воведена во 2012 година со донесувањето на Законот за минимална плата и тогаш изнесуваше 8.050 денари.
Синдикатите предлагаат заедно со растот на минималната плата пропорционално да се зголемуваат и другите плати, бидејќи со растот на минималецот ќе се изедначат платите на работниците што имаат најниски плати со платите на категориите над нив. Тоа ќе придонесе за демотивираност кај работниците што се наоѓаат во групите кои треба да земаат повисоки плати од минималната, бидејќи нема сразмерно зголемување на платите, кое одговара на продуктивноста и на одговорноста на задачите.
Според податоците од Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната плата се должи на зголемувањето на исплатената нето-плата по вработен во јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Највисоки плати, над просечната земаат во секторот информации и комуникации.