Над 25.000 работници земаат минимална плата. Наредната недела треба да падне одлука дали таа ќе порасне на 450 евра. Поради ниските плати и третманот на работниците, тие заминуваат од Македонија, а државата кубури со кадар…
Поради ниските плати и третманот на работниците, тие заминуваат од Македонија, а државата кубури со кадар, велат од Сојузот на синдикати. Недостигот од работна сила може да се надмине со системски мерки. Над 25.000 работници земаат минимална плата.Наредната недела треба да падне одлука дали таа ќе порасне на 450 евра.
На социо-економскиот совет, Владата, синдикатите и работодавците ќе дискутираат за можностите да се зголеми минималецот, но според министерот Дурмиши, тоа ќе зависи од можностите на државата. Вели, да се прашува тој, минималецот би изнесувал 600 евра.
Во март со законското усогласување, минималецот треба да се зголеми за околу 1.700 денари, и да надмине 24.000 денари.
600 производи со намалени цени во новогодишната кошничка
Се готви новогодишната кошничка, над 600 производи ќе имаат намалени цени.
Од наредната недела ќе стартува мерката, но од економија не откриваат кои продукти ќе имаат пониски цени, туку на листата ќе бидат производите кои најчесто се наоѓаат на новогодишната трпеза.
Мерката ќе трае еден месец и се носи во консултација со бизнисот.