Седум европски даватели на услуги за мобилни плаќања ги здружуваат силите за да создадат мрежа што ќе ги спречи американските компании да го превземат европскиот пазар.
Здружението е основано во Цирих на почетокот на август и се нарекува Асоцијација на мобилни платни системи (Емпса).
Австриско-швајцарската компанија BlueCode одигра водечка улога во ова.
„На крајот на годината треба да се воспостави основниот камен-темелник на системот, но не постои точен датум за синхронизирање за сите земји, но ние се стремиме кон Европското првенство во фудбал 2020 година“, вели извршниот директор на „BlueCode“ Кристијан Пиркнер.
Покрај BlueCode, учествуваат и Twint (Швајцарија), Swish (Шведска), Vipps (Норвешка), Mobile Pay (Финска, Данска), Bancontact Payconiq (Белгија) и Sibs / MB Way (Португалија).
Целта е да се вршат плаќања со апликација во девет земји учеснички.
Приближно 25 милиони корисници на мобилната платформа треба првично да создадат околу еден милион места за прием во секторот за малопродажба, угостителство и хотелиерството, како и во 350 банки.
Пиркнер се потпира на групна динамика и претпоставува дека и други нации или даватели на услуги за мобилни плаќања ќе се приклучат на мрежата.
Европските плаќања сега се многу фрагментирани. За ова прашање последниве месеци сè повеќе се дебатираше на политичко ниво. На пример, германската канцеларка Ангела Меркел или директорот на Европската централна банка Ив Мерш повикаа на поголема независност во платните системи.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност на редакцијата на БанкоМетар.мк