Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 29.839 денари што е зголемување за 6,8 отсто во споредба со истиот месец од минатата година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката исплатена просечната месечна нето плата по вработен во секторите: Други услужни дејности за 13,2 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 13,1 и Стручни, научни и технички дејности за 11,6 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,5 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,9 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,3 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во февруари 2022 година, пак, изнесува 44.531 денар и е повисока за 6,8 отсто во споредба со февруари 2021 година.
Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена бруто плата по вработен во секторите: Други услужни дејности за 13,1 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 13 и Стручни, научни и технички дејности за 11,4 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,6 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,5 и Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,1 отсто.