Германската влада соопшти дека оваа година пензиите ќе пораснат за повеќе од 3 проценти како резултат на повисоките плати во најголемата европска економија.
Тоа е зголемување кое е значително над стапката на инфлација во таа земја.
Министерството за труд објави денес дека на 1 јули пензиите ќе бидат зголемени за 3,22 проценти во некогашната западна Германија, односно за 3,37 проценти во источна, поранешниот комунистички дел на земјата. Гостишната стапка на инфлација во Германија во февруари изнесувала 1,4 проценти, пренесува агенцијата АП.
Зголемувањето на германските пензии се поврзува за движењето на заработката на вработените. Неодамна во оваа земја е забележано силно зголемување на платите после здравиот економски раст.
Со најновото зголемување, пензиите на помалку просперитетниот исток ќе достигнат ниво од 95,8 проценти од износот кој се бележи во западниот дел од змејата, во кој живее главно германско население.
Оваа разлика во приходите кај германските пензионери во западниот и источниот дел на земјата би требало да биде отстранета до средината на 2024 година.