Холандските банки ги затвораат банкоматите преку ноќ во борба против криминалните напади на бандите користејќи се повеќе експлозивни уреди за крадење на пари.

Овој потег да се затворат банкоматите секоја вечер помеѓу 11 и 7 часот, следи по одлуката на АБН Амро претходно овој месец да затвори и да испразни 479 банкомати како итен одговор за наглиот пораст на нападите со експолозив.

Гелдмаат, управител на заедничка банкоматска мрежа на холандскиот банкарски сектор, вели дека затварањето на банкоматите преку ноќ ќе стапат на сила веднаш. Компанијата исто така ќе премести парични пунктови од местата со зголемен ризик и ќе ги постави на побезбедни места.

Фирмата работи со Де Недерландс банка и полицијата за спроведување нови мерки што ќе ги направат банкоматите бескорисни ако бидат украдени од криминалци.

„Нападите на банкоматите го поткопуваат општеството“, објаснува Крис Бујинк, претседател на банкарското здружение.

„Ние само стоиме и гледаме како експлозиите се случуваат во земјата на секои неколку дена, особено во близина на домовите на луѓето“.

Тој рече дека затворањето на банкоматите во текот на ноќта треба да има мал ефект врз достапноста на готовина, затоа што помалку од два проценти од повлекувањето на готовина на локации на отворено се вршат ноќе.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк