Во Холандија минатата година е откриено зголемување на фалсификуваните евро банкноти за 40 отсто во споредба со 2023 година, а од оптек се повлечени вкупно 24.100 фалсификувани банкноти, објави холандската централна банка, пренесува Танјуг.
Забележано е дека ова е зголемување од 40 отсто во споредба со најмалиот број на фалсификувани банкноти откриени во Холандија во историјата во текот на 2023 година.
Во соопштението се вели дека зголемувањето главно се должи на неколку случаи на измами кои вклучуваат големи количини фалсификувани банкноти од 200 евра со слаб квалитет, објави NL Times.
Централната банка забележува дека ризикот од добивање фалсификувана банкнота е сè уште мал во споредба со бројот на оригинални банкноти. Повеќе од половина милион фалсификувани евро банкноти се повлечени од оптек минатата година, покажуваат податоците на Европската централна банка (ЕЦБ).