Италијанската премиерка Џорџија Мелони објави дека нејзината влада планира да собере 3,5 милијарди евра од банките и осигурителните компании додека се обидува да затвори дупка од 9 милијарди евра во буџетот, пишува Фајненшл тајмс.
По синоќешната владина седница, Мелони на социјалната мрежа Х напиша дека владата го исполнила ветувањето дека ќе се фокусира на интересите на граѓаните, со тоа што дополнителните средства што ги добиваат компаниите ќе бидат наменети за финансирање на јавниот здравствен систем и подобрување на социјалните услуги за оние кои имаат потреба.
Сеуште не се соопштени детали за дополнителното финансирање.
Отстранување на релјефи
Сепак, извори брифирани за разговорите меѓу владата и банките вчера најавија дека дискусиите се фокусирани на времено отстранување на олеснувањата за т.н. одложени даночни средства и зголемување на данокот на трансакции со хартии од вредност за банките.
Одложените даночни средства им даваат на банките право да плаќаат помалку данок во финансиската година во која расходите што ги создале стануваат наплатливи. Според плановите, банките ќе мора целосно да ги укинат ваквите одбитоци за 2025 и 2026 година. За 2027 и 2028 година одбитоците ќе бидат само делумни.
Изјавата на Мелони сугерира дека истите мерки најверојатно ќе важат и за осигурителните компании, додава „Фајненшл тајмс“, цитиран од БТА.