Повеќе од 100 компании досега подигнале проектни апликации за средствата од третиот столб на владиниот план за економски раст. Се очекува првите договори да се потпишат на почетокот на јули.

Јавниот повик проектиран на 645 милиони денари беше објавен на 28-ми април, а ќе трае до 11-ти јуни. Засега најголем интерес има за финансирање трошоци до 70 насто за иновации, нови продукти и услуги, од идеа до пласман, за што се предвидени 20 милиони денари.

 

 

Интерес од компаниите има и и за стручно усовршување на млади лица до 29 години во некои од фирмите во западните земји.

И Стопанската комора оценува дека е голем интересот на компаниите за владината поддршка. Мерките од третиот столб се отворени за сите микро, мали и средни претпријатија, а систематизирани се за да не поттикнуваат конкуренција на фирмите.