Првите примероци наскоро ќе пристигнат и на улиците на српскиот град.
Во фабриката „Fiat Chrysler Avtomobili“ во Крагуевац произведени се првите примероци од новиот електричен автомобил на „Stellantis“. Станува збор за автомобили кои ќе бидат користени за разни тестирања, вклучувајќи „Crash“ тестови.
Наскоро ќе бидат произведени и првите примероци кои тест километрите ќе ги одработат на улиците на Крагуевац, дознава „RTS“. Веста ја потврдил и претседателот на Самостојниот синдикат „ФЦА Србија“ Саша Ѓорѓевиќ, велејќи дека во тек се тестирања на првиот електричен автомобил произведен во Србија.
Ѓорѓевиќ се потсетил дека, кога е тестиран моделот „Fiat 500 L“ пред почетокот на сериското производство, околу 200 примероци се направени само за испитување.
„Секој од тие модели мора да минат низ опширни тестирања – безбедносни испитувања, странични удари … секој од нив треба на тестовите да добие одреден број на ѕвезди за да биде целосно безбеден“, објаснил Ѓорѓевиќ.
Првиот човек на синдикатот мисли дека истата пракса ќе биде повторена и со електричниот новитет па така маскираните примероци би можеле да ги видат граѓаните на Крагуевац, а и целиот регион. Точниот термин и локацијата на премиерата не се знае, но се претпоставува дека тоа би можело да се случи ова лето.