По повод празникот на општина Крива Паланка, Голема Богородица и Св. Јоаким Осоговски, свечено во употреба ќе бидат пуштени два капитални проекти, хидросистем за наводнување Славишко Поле, инвеетиција во износ од 2 милиони евра, и новата и проширена градинка Детелинка во општина Крива Паланка.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претседстелот на Владата, Димитар Ковачевски и вршителот на должност Шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Феручио Бого, денеска, 28.08.2022 година (недела) свечено ќе го пуштат во употреба малиот хидросистем за наводнување Славишко поле.

Проектот за изградба на малиот хидросистем за наводнување Славишко поле е финансиски поддржан од страна на Европската Унија, преку средства од ИПА програмата.

Настанот ќе се одржи во село Псача, Општина Ранковце со почеток од 13 часот.