Софрата се по вегетаријанска , цените се по високи . Месото и месните производи станаа луксуз за граѓаните . Ако порано беше неизоставен дел од ручекот и вечерата, сега се јаде се поретко… Граѓаните коментираат оти не можат да си го дозволат зошто е се поскапо, а едвај успеваат да си ги платат сметките . Со овие плати и пензии велат, не се живее…
Според државниот завод за статистика , месото за една година поскапело за 7,3%. Од месарниците велат побарувачката од пандемијата навака е драстично намалена, а и за нив е неизвесно како ќе се движат цените во иднина со оглед на нестабилноста на пазарот и движењето на инфлацијата .
Според претставниците на месната индустрија пак домашниот капацитет е намален за 30 отсто, а голем број на работници се отпуштени. Од септември се најавува уште повисока цена на месото, а претставниците побараа Владата да ги намали увозните царини за суровини за преработка на говедско, свинско и пилешко месо . Во спротивно ќе стават клуч на врата, а дел капацитетите ќе ги преместат надвор од Македонија.
Свинско месо пак помалку ќе се јаде и поради намалувањето на бројот на свињи во фармите во регионот.. Поради африканска чума во Србија , која е главен снабдувач за македонскиот пазар има недостиг од свињи .
Бројот на свињи е намален и во македонските фарми во изминатите пет години , од над 202 илјади во 2017 , во 2022 се регистрирани околу 180 илјади свињи.