Невладината Гласен Текстилец има добиено пријави во врска со манипулации за исплата на годишниот регрес К-15 за околу 30-тина конфекции од Штип, Крива Паланка, Делчево, Ресен, Пробиштип и Кочани, како и за неколку угостителски објекти, супер маркети и три градежни фирми, пренесува Телма.
Претставките кои ги добиваат говорат дека работниците земаат К-15 од 100 до 6.000 денари, а една конфекција на работниците им дала и бонови.
Позитивно е што работниците годинава го користат и бесплатниот број на Трудовиот инспекторат, па често како што велат работниците знае и да биде зафатен. Ампева побара од УЈП конечно да им каже што значи пријава на загуба од страна на една фирма.
Секојдневно пристигнуваат претставки за исплата на регресот за годишен одмор, а веќе од наредната недела ќе имаат и јасна слика дали приватниот сектор ќе ја исплати зголемената минимална плата.
Таа ги повика синдикатот и работодавците да седнат на заедничка маса и да работат на донесување на новиот колективен договор, кој ќе донесе поголеми права на работниците.
Во моментов новиот закон за работни односи е заглавен и неговото носење е закочено од предвремените парламентарни избори.
Генерална оценка е дека Македонија е една од земјите во Европа со најлоши работнички права.
Невладиниот сектор од источниот регион на државава кои лани спроведоа истражување еведидентирале поголем број на прекршувања во однос на поднесените пријави до инспекторатите.