Во организација на Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе биде отворен Иновативен хаб во рамки на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и ќе биде презентиран јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друшта „Старт-ап“ и „Спин-оф“, од Југозападниот регион.
На настанот ќе се обратат директор на ФИТР, Јован Деспотовски и проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Ова е дел од проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“, финансиран од Европската Комисија, застапувана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во кој покрај ФИТР, се спроведува во соработка со Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), EuroPartners Development и National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI).
Проектот се состои од воспоставување на иновациска инфраструктура за трансфер на „know-how“ технологии помеѓу старт-апи и МСП во областите на прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.
Главната цел на предложената акција е да помогне во воспоставувањето на прекуграничен иновативен екосистем за МСП и старт-апи во рамки на постојниот образовен и бизнис контекст.
БанкоМетар.мк во живо ќе го следи настанот на отворањето.