Се градат станови, а нема кој да живее во нив. Ова не само што е чест коментар, туку накусо ја опишува реалната состојба на теренот, со оглед на темпото и на изградба на новите станбени згради, но и на иселувањето од земјава, анализира порталот економски.мк.
Во текот на последните 11 години, изградени се 73.444 станови со површина од 6.060.301 метар квадратен. Издадени се 32.874 дозволи со вкупна вредност е 546,5 милијарди денари или 8,9 милијарди евра. Оттаму и просекот од 1.466 евра за квадрат.
Купувачи има, но и многу од становите се празни. На пример, пописот од 2021 покажа дека една третина од становите се празни. Од тогаш вкупно евидентираните 839.174 станови, во 307.187 немало жители. Тоа претставува 36,6 отсто од становите.
Податоците од пописот во Охрид покажуваат дека и таму се празни речиси половината од становите, 17.820, а изградени се 33.660.