Си Џинпинг ќе одржи говор на отворањето на Форумот, на кој ќе присуствува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. После тоа, на состанокот ќе се одржат три форуми во контекст на десетгодишнината од Иницијативата „Појас и пат“, која е наречена и „значен проект на Си за проширување на влијанието на Кина во светот“, поради придонесот во борбата против сиромаштијата, зелен развој и дигитална економија.
Исто така, ќе се одржат шест тематски семинари за непречена трговија, духовно поврзување, размена меѓу професионални институции, чист пат на свилата, локална и поморска соработка. Се очекува меѓу претставниците на Форумот да бидат претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателите на Египет Абдел Фатах ал Сиси, шеикот на ОАЕ Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, претставници на Франција, Грција, унгарскиот премиер Виктор Орбан и други.
Она што предизвикува посебно вниман ие е најавената средба меѓу рускиот претседател и неговиот кинески домаќин. Пред да замине за Пекинг, Путин даде интервју за кинески медиумски сервис во кое нагласи дека Русија и Кина отсекогаш се труделе да најдат компромис.
„И на секој чекор руската и кинеската страна го слушаа мислењето и интересите на другата страна. Секогаш се обидувавме да најдеме компромис за кое било прашање, дури и ако тоа беа некои прашања од сложена природа што сме ги наследиле од претходните времиња“, рече тој.
Посетата на Кина е прва надвор од Заедницата на независни држави (составена од некои поранешни членки на СССР) откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин. Вчерашната посета на Бишкек, Киргистан беше прво патување на Путин од Русија по распишувањето на налогот за негово апсење.