Силк Роуд Банка АД Скопје почнувајќи од март ќе врши исплата на пензиите секој први во месецот.
Доколку, пак, први е неработен ден (викенд или празник) исплатата на пензиите ќе се врши веднаш во првиот нареден работен ден, соопшти банката.
Исто така со добивањето на пензијата во Силк Роуд Банка пензионерите ќе имаат можност за добивање на кредитни картички на Американ Експрес со најниска каматна стапка од 8,5 отсто и бескаматен грејс период од 50 денови.
Оваа понуда важи за сите постојни и идни приматели на пензија преку Силк Роуд Банка.