Македонската економија го почуствува првиот посериозен удар од кризата во Германија. Една фабрика најави затварање, а другата намалување на бројот на вработените поради намалените нарачки од западно европските држави, а особено Германија.
Според информациите станува збор за затварање на компанијата „Аптив “ која има 500 вработени и која што произведува и доставува напредни електрични, електронски и безбедносни технологии насекаде во светот, овозможувајќи им на производителите ширум светот да креираат возила кои што се побезбедни и подобро поврзани со околината.
Втората компанија е „Џонсон Мети“ која што е дел од автомобилскиот сектор, и произведува катализатори за автомобили и беше една од најголемите странски инвестиции во земјава, меѓутоа најавите се дека компанијата ќе отпушта вработени поради глобални случувања.
Од Бизнис конфедерацијата велат македонската економија е поделена на изолирана, локална и на дел вклучена во глобалната економија.
„Дел од македонските компании навистина се поврзани со потребните на испраќање на одредени производи и полупроизводи суровини кај странските партнери и те можат да почуствуваат одреден проблем. Меѓутоа најголемиот проблем е ние како ќе се справиме и што ќе правиме не само во економските прашања туку и во социјалните прашања.“ – Миле Бошков бизнис конфедерација.
Премиерот Мицкоски вели дека Владата веќе неколку недели знаеле за намерите на компанијата „Аптив“, но како што вели оваа состојба ќе се надмине, бидејќи има компании кои што најавиле нови инвестиции во земјава. Во индустриските зони работат 17000 вработени. Тие компании работат претежно за извоз и се директно зафатени од кризата во Германија.
Последниот извештај од Државниот завод за статистика покажува дека има намалување на бројот на работници во индустријата, во исто време кога државните статистичари објавуаат дека има намалување во производството во индустрија за 1,4%.