Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во октомври годинава во однос на претходниот месец во просек биле повисоки за 0,6%, соопшти Републичкиот завод за статистика.
Споредено со истиот месец од претходната година, потрошувачките цени во октомври пораснале за 4,5%, додека во споредба со декември 2023 година во просек биле повисоки за 3,9%.
Според групите на производи и услуги, класифицирани според намената на потрошувачка во октомври во однос на претходниот месец, пораст на цените е забележан во групите: образование (3,3%), облека и обувки (1,9%), опрема за стан и тековно одржување (1,0%), здравје (0,8%), во групите храна и безалкохолни пијалаци, домување, вода, електрична енергија, гас и останати горива и ресторани и хотели ( за по 0,6%), алкохолни пијалаци и тутун (0,4%), транспорт (0,3%) и рекреација и култура (0,2%). Пад на цените е забележан кај комуникациите за (0,1%). Цените кај останатите производи и услуги не се промениле значително.